Докторите ширум светот со една порака: Седете дома!

Додека светот се соочува со пандемија на Covid-19, луѓето во првите борбени редови против болеста – лекарите, медицинските сестри, болничарите – упатуваат само една порака до сите други.

Таа порака е јасна: Ние сме на работа за вас, вие седете дома.

Ако помислите дека изолацијата тешко ви паѓа завиткани дома под ќебе, со гледање серии и читање книги, помислете на вистинската опасност и тешките одлуки со кои се соочува медицинскиот персонал во болниците ширум светот секој ден откако почна да се шири новиот коронавирус и постапете правилно – седете дома!