Архитектура

Доаѓа зимата: Како да спречите појава на мувла во вашиот дом?

11. ноември 2019 - 14:20 | М.С.

Зимата носи и нови правила за вашиот дом, не можете да проветрувате како во лето, сè се одвива по некој друг распоред. Ова е период во кој мувлата најмногу влегува во ѕидовите, па затоа е важно да знаете како може да се ослободите од неа.

Мувлата се создава кога топлиот воздух „удира“ во студените ѕидови, прозорци и други површини, создавајќи слој на кондензација. Може да ја оштети бојата на ѕидовите и позадината, да предизвика непријатен мирис, да ја оштети структурата на куќата.

Освен тоа, мувлата претставува ризик по здравјето за бебињата, децата, постарите личности, а особено за оние кои имаат слаб имунитет.

Доколку сакате да го сочувате вашето здравје, како и здравјето на вашето семејство, следете ги овие совети.

Куќата треба да биде затоплена 

За да избегнете мувла во студените месеци, обидете се да го одржите домот топол за да не се создава кондензација. Доколку се туширате или готвите, проветрете за да се ослободите од пареата.

За превенција, отворете го прозорецот на спалната соба околу 15 минути за да излезе пареата која се собира преку ноќ.

Редовно држете ги отворени вратите помеѓу сите простории за да циркулира воздухот и да не се собира пареата на едно место.

Инвестирајте во боја која е отпорна на мувла. Доколку некој ѕид од вашиот стан или куќата е подложен на мувла, тогаш купете поскапа боја за ѕидови. Вложувањето ќе се исплати.

Кога ќе се всели мувлата во вашиот дом, тешко е да се решите од неа. Затоа е важно да ги следите овие совети кои ќе ви помогнат да го решите овој проблем.