Македонија

До понеделник топло, од вторник заладување

22. март 2019 - 8:55 | МИА

Скопје, 22 март 2019 (МИА) – До понеделник времето ќе биде топло со слаб до умерен северен ветер со пораст на дневната температура. Веќе во вторник и во среда ќе има зголемена облачност со локален дожд, а поради заладувањето во среда се очекуваат врнежи од снег на планините.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Максималната температура ќе достигне до 19 степени.