Disney го презема видео стриминг сервисот Hulu

Вашингтон, 14 мај 2019 (МИА) – Американската филмска компанија Walt Disney презема контрола над видео стриминг сервисот Hulu, кој е главен конкурент на Netflix и Amazon Prime.

Според договорот за купопродажба што беше објавен денеска, 33 отсто од акциите на сервисот остануваат во сопственост на телекомуникациската компанија Comcast, додека контролниот пакет на акции ќе го преземе Disney.

Согласно договорот, постои опција Disney да може да го откупи и преостанатиот удел од 33 отсто, ако една од компаниите изрази подготвеност за тоа по јануари 2024 година.

Сегашната вредност на Hulu е 27,5 милијарди долари, но ако дотогаш таа порасне, тогаш Disney ќе плати повисока цена за уделот на Comcast.

Видео стриминг сервисот започна со работа во 2010 година и беше дел од телевизиите NBC и Fox. Дизни очекува бројот на претплатници на сервисот до 2024 година да порасне од сегашните 27 милиони до 60 милиони корисници.

Според некои анкети, во САД се повеќе се намалува бројот на гледачите на класична кабелска телевизија, додека расте бројот на корисниците на видео стриминг. Лидер во оваа област е Netflix, сервис кој има речиси 150 милиони корисници, а неговата пазарна вредност е 152 милијарди долари.

Филмската компанија Disney се стреми да навлезе на овој пазар и да стане сериозен конкурент со својата разновидна филмска содржина. Компанијата неодамна најави создавање свој стриминг сервис Disney.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе