Димитров: Ја остваривме идејата за побезбедна и попросперитетна татковина

Ова е историски момент кој им припаѓа на сите граѓани на нашата земја и на плејадата политичари и визионери, кои макотрпно во текот на изминатите три децении работеа да се оствари идејата за побезбедна и попросперитетна татковина, изјави попладнево министерот за надворешни работи Никола Димитров, откако нашата Амбасада во Вашингтон во Стејт Департментот го депонираше инструментот за пристапување кон НАТО, со што од денеска Северна Македонија и официјално стана 30-та членка на Алијансата.

– Сакам да оддадам признание и благодарност до сите Вас, до сите македонски граѓани и Ви го честитам овој голем успех, истакна Димитров во присуство на американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз, кои претходно имаа видео разговор со вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, амбасадорот Филип Рикер.

Димитров изјави дека со ова завршија 27-те години од нашиот пат кон полноправно членство во НАТО, што започна во 1993 година.

– Членството на нашата земја во НАТО се случува во вонредни околности кога светот и човештвото се справуваат со можеби најголемиот глобален предизвик по Втората светска војна. Заради овие состојби чинот на одбележување на денешниот настан е скромен, но тоа на ниту еден начин не го намалува историското значење на овој успех, додаде Димитров

Тој најави дека в понеделник ќе се одржи церемонијата на подигнување на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел и во Командата на сојузничките сили во американската сојузна држава Вирџинија, по што на 2 април ќе биде првиот претставник на нашата држава на еден министерски состанок на НАТО, што ќе се одржи преку видео-конференциска врска.

– Од денеска САД се и формално наш сојузник со уште 29 земји членки (на НАТО) и никогаш веќе нема да бидеме сами, потенцира министерот за надворешни работи.

Димитров се осврна и на проблемот со коронавирусот, за кој рече дека нема национална припадност и затоа е потребна соработка и солидарност меѓу државите во справувањето со него.

Брнз од своја страна рече дека ова се историски моменти за земјава, бидејќи стана членка на НАТО и доби одлука за почеток на преговорите со ЕУ.

– Многу сум среќна што во името на САД можам да Ви посакам добредојде како 30-та членка на НАТО, истакна Брнз, при тоа изразувајќи и признание на земјава за постигнатите напори и нагласувајќи дека САД ќе продолжат со поддршката на нашата држава.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе