Фудбал

Дилема на денот: Дали „лукавиот“ Меси направи измама со поместување на топката?

2. мај 2019 - 17:19 | А.С.

Целиот фудбалски свет денеска зборува за Аргентинецот Лионел Меси по победата на неговата Барселона против Ливерпул со резултат од 3:0 на синоќешиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампиони.

Меси (31) постигна два погодоци, а особено фантастичен беше вториот гол што го реализираше од слободен удар за конечни 3:0.

Повеќето фанови го славеа неговиот погодок во транс, но многу Англичани го оспоруваат ремек-делото на Меси поради нешто што се случи пред изведувањето на слободниот удар.

За навивачите на Ливерпул е спорно што воопшто му беше доделен фаул на Меси бидејќи тие сметаат дека тој го удрил Фабињо и скокнал на него.

Судијата сепак досуди прекршок и тука следи втората спорна ситуација – местото каде што беше досуден прекршокот и местото од каде што Меси шутираше и погоди.

Аргентинецот ја помести топката неколку метри – англиските медиуми пресметаа дека Меси ја поместил топката дури 4,5 метри од местото каде беше досуден прекршокот.

Реваншот е на програма во вторник на Енфилд, а финалето на ЛШ е на 1 јуни.

Дали сметате дека Меси направи измама или навистина погоди ремек-дело?