На прес-конференцијата во 17:30 часот Државната изборна комисија информираше дека на претседателските избори е надминат потребниот цензус од 40%, што значи дека изборите ќе бидат успешни.
До 17:00 часот на претседателските избори гласале 452.412 граѓани, што е 42,32% од вкупниот број на избирачи со право на глас.
Тоа значи дека е постигнат потребниот ценсуз од 40% и Македонија ќе избере претседател на овие избори.
Тоа ќе биде или досегашниот Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ и коалицијата За европска иднина, или Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.