Дијабетесот е поопасен за здравјето на жените отколку за мажите

Дијабетесот е поопасен по здравјето на жените отколку за мажите, кога станува збор за компликации поврзани со кардиоваскуларните заболувања, покажуваат новите истражувања.

Кардиоваскуларните заболувања во просек се јавуваат 15 години порано кај луѓето коишто имаат дијабетес, а тие се главна причина за појава на овој тип на заболувања, пишува Health 24.

Во светот, од дијабетес умираат повеќе жени отколку мажи, односно 2,1 милион жени наспроти 1,8 милиони мажи годишно.

Коронарната болест на срцето е чест и смртоносен вид на кардиоваскуларно заболување кај луѓето кои имаат дијабетес.

Жените со дијабетес имааат 1,8 пати поголем ризик од смрт од коронарно срцево заболување од жените кои немаат дијабетес, додека мажите кои имаат дијабетес имаат 1,5 пати поголем ризик од смрт од коронарна болест на срцето од мажите кои немаат дијабетес.

Болеста на периферните артерии, која на крајот може да доведе до ампутација на стапалата, е најчест знак на срцеви заболувања кај дијабетес тип 2 и таа е 1,8 пати почеста кај жените отколку кај мажите.

Затајување на срцето е втор најголем почетен знак за кардиoваскуларни заболувања кај дијабетес тип 2. 

Истражувачите се обидуваат да ги откријат причините поради кои застојот на срцето е почест кај жените кои имаат дијабетес отколку кај мажите со дијабетес, се наведува во документот објавен во eвропското списание за превентивна кардиологија.

Тие предвидуваат дека бројот на заболени од дијабетес може да скокне на 629 милиони до 2040 година.

Здравиот начинот на живот е клучен за превенција на дијабетес 

Доколку луѓето добијат дијабетес, клучно е да се спречат компликации на срцето.

„Поради брзиот начин на живот воочивме огромен пораст на заболени со дијабетес. Знаеме дека дијабетесот тип 2 е поврзан со начинот на живот, па може да го успориме развојот доколку го промениме животниот стил“, рече авторот на студијата Џолим Беленс.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе