МК сцена

Диџеј Патрис Скот во Капан Ан

29. јуни 2016 - 13:32 |

Американскиот DJ Патрис Скот и легендата на белградскиот електронски звук Душан Кацаревиќ, заедно со резидентниот DJ Томи Бојаџи ќе ја забауваат скопската и македонската публика оваа сабота. 

Забавата ќе се одржи во култниот Капан Ан, омиленото место на сите вљубеници во електронската андерграунд сцена, во огранизација на  „Пјурсоул“.

Патрис Скот потeкнува од американската „мека“ на хаусот и техното - Детроит. Неговата биографија е импозантна  а тоа се должи на двете децении минати зад грамофоните и миксетата. Култните Sharevari се причината поради која Скот ги купува првите грамофони. На неговиот вкус влијаат локалните но светски легенди како Хуан Аткинс, Дерик Меј, Кевин Саундерсон, Електифајин Moџo - Чарлс Џонсон но и чикашкиот звук преку Чип И, Фарли “Jackmaster“ Фанк и Лари Херд.По години минати во настапи низ Детроит рамо до рамо со Џеф МИлс, Патрис Скот ќе се префрли и фокусира на продуцентството.

Тој ќе го основа лејблот Sistrum Recordings чие првоиздание е во далечната 2006 година. Оттогаш Патрис Скот не престанува да ги развива своите вештини како DJ  и продуцент и да го истенчува својот веќе прфинет вкус за техно и дип хаус музиката.
Неговата визија за лејблот Sistrum е да се продолжи да обезбедува квалитетна музика а неговото мото е “не плашете се да се биде различен!“

За Душан Кацаревиќ може многу да се каже. Тој ја почнува својата кариера уште во 1996 година и е еден од пионерите на електронската музика во Србија. Во 90 тите години од минатиот век настапува во многу познатиот андерграунд клуб “Омен“ а оттогаш има организирано околу 150 забави во Србија и околните земји. Има настапувано низ целиот свет рамо до рамо со најпознатите светски DJ- и како Арил Брика, Карл Крег, Роландо, Винс Вотсон, Нина Кравиц и многу други. Најпознат проект на Кацаревиќ секако е клубот “ Wats “во Белград односно „We Are The Shit“.

Oрганизацијата „Пјурсоул“ зад која стои домашниот DJ Томи Бојаџи е виновнa за настапите на Мајк Хакаби, Orlando Воорн, Дејвид Алварадо, Јури Хулконен и Кунијуки Такахаши, сите врвни мајстори во својата професија, ценети и почитувани низ клубовите во светот. Затоа скопјани, но и сите љубители на квалитетниот електронски звук, повелете на уште една беспрекорна забава на „Пјурсоул“ која ќе се прераскажува низ скопската и македонска андерграунд сцена. Забавата почнува во 24 часот, на добро позната локација - Капан Ан. Влезот е 250 денари.