ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2024

Ди Марцио: Интер и Лестер се договорија за Сенси

Калчолигашот и тимот од Островот ги договориле условите за трансфер за Стефано Сенси, пренесува Sky Sport Italia.

Трансфер експертот од Sky Sport Italia, Џанлука Ди Марцио, тврди дека Интер и Лестер Сити постигнале договор за трансфер на Стефано Сенси во редовите на лидерот во Чемпионшип.

Според пренесеното, Лестер се согласил да му плати на Интер 2 милиона евра за трансферот да се реализира во јануарскиов преоден рок. Играчот има договор со Интер до јуни годинава и на лето можеше беспари да замине во Лестер, но на „Лисиците“ им е потребен веднаш бидејќи бркаат експресен камбек во Премиерлигата.

URL

Но, трансферот не може да се реализира веднаш и покрај тоа што сѐ е договорено. Причината е тоа што Лестер прво мора да продаде некој играч за да може да донесе друг.

Сенси доаѓа во Лестер на барање на својот сонародник Енцо Мареска, кој успешно ги води „Лисиците“ откако седна на клупата летоска, откако тимот испадна од Премиер лигата.

28-годшниот Сенси е склон кон повреди, често отсутвуваше и подолги периоди. Иако е член на Интер од летото 2019, вкупно одигра само 56 натпревари на кои постигна 4 гола. Во меѓувреме двапати беше праќан на позјамици, преклани една полусезона во Сампдорија, а лани целата ја мина во Монца каде одигра солидни 28 натпревари во Серија А. Сезо0нава за „Нераѕурите“ запиша само 4 настапи, од кои 3 во Серија А и еден во Копа Италија.

По 27 кола во англиската втора лига Лестер е лидер со 65 бодови и е на добнар пат пшо само една сезонма да се врати во Премиерлигата. Има 7 бодови предност пред вториот Ипсвич Таун, а 10 пред третопласираниот Саутемптон.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Нови пресметки од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има еден мандат помалку, ЗНАМ еден повеќе

Read more

Фудбал

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Read more

На терен е ужас, но: Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во светот

Read more

Што значеше пораката под дресот на Родриго?

Read more

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more
 

Спорт

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Читај повеќе

На терен е ужас, но: Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Читај повеќе

Што значеше пораката под дресот на Родриго?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА

Читај повеќе

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе