Забава

Девојче кое „краде“ пуканки од принцот Хари стана хит на интернет

28. септември 2017 - 12:04 | М.Д.

Едно мало девојче искусно и незабележливо крадеше пуканки од принцот Хари, а видеото кое беше снимено за време на еден натпревар го воодушеви светот.

Двегодишната Емили седи со својата мајка, инаку поранешна спортистка Хејли, веднаш до принцот Хари на одбојкарски натпревар меѓу Велика Британија и Данска во Торонто.

Додека Хари зборува со својот пријател и јаде пуканки, таа пронашла начин како незабележливо да си земе и за неа.

Кога Принцот Хари дознал што се случува, реагирал толку смешно, што дури на крајот станале и добри пријатели.