Девет голови и асистенција за македонските фудбалски интернационалци викендов

Тричковски постигна два гола и тоа од белата точка, по еднаш стрелаа Ѓорѓев, Положани, Ристовски, Имери, Јаховиќ и Костовски, а Спировски запиша асистенција.

Албанија
Ветеранот Артим Положани постигна прекрасен гол во 67-мата минута кога на својот Скндербеу му донесе израмнување кај Тирана. Сепак неговиот тим на крајот загуби со 3:1.

Goli i Pollozhanit on Vidnews.

Израел
Стефан Спировски дебито за новиот тим Хапоел Тел Авив го зачини со одлична асистенција. Во 43-тата минута прекрасно го пронајде Марвин Пеерсман кој го отвори резултатот против Нес Циона. На крајот натпреварот заврши 1:1.

(на 0:44)

 

Кипар
Нови два гола за Иван Тричковски во кипарското првенство. Можеше да стигне и до хет-трик, но промаши еден пенал. Прво во 8-мата минута сам изнуди пенал кој за жал го изведе со слаб удар кој гостинскиот голман го одбрани. Во 39-тата минута конечно успешно реализирашпе пенал, а длабоко во судиското надполнување по третпат застана на белата точка постигнувајќи го својот втор гол.

(промашен пенал на 0:41, прв гол на 5:07, втор на 11:48)

 

Кипар
И Јован Костовски погоди на Кипар што за него е деби гол во новиот тим. Во 39-тата минута му донесе водство на Етникос на гости кај Докса, а на крајот натпреварот заврши 1:1.

(на 1:05)

 

Словачка
Милан Ристовски не престанува да постигнува голови. Овој пат Нитра го преслуша Похроние на гости, а нашиот интернационал го постигна својот петти сезонски гол кога во 66-тата минута ги постиави конечните 3:0.

(видеото можете да го погледнете тука, голот е на 3:47)

Словенија
Бесарт Абдурахими конечно проработе. По којзнае колку време постигна гол откако во 65-тата минута зголеми на 3:0 за својот Браво на гости против Рудар. На крајот неговиот тим славеше со 4:1.

(на 2:41)

 

Турција
Адис Јаховиќ го постигна својот трет гол во четвртиот настап за Малатијаспор. Во големата победа од 4:0 на гости кај Анкарагуџу Јаховиќ во отвори резултатот во 27-мата минута.

Украина
Демир Имери го постигна својот прв гол во дресот на Олимпик. Тој во 58-мата минута израмни на 1:1 носејќи му бод на својот тим на гостувањето кај Мариупол.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Very important point with very special goal ! #debutgoalukrainesuperleauge

A post shared by Demir Imeri (@demirimeri31) on

Швајцарија
Никола Ѓорѓев беше херојот на Грасхоперс откако благодарение на неговиот гол постигнат во 47-мата минута неговиот тим го победи со 1:0 Сервет и го елиминираше од понатамошната борба во Швајцарскиот куп.

(на 1:49)

 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе