Дете со денови било затворено со мртвиот дедо поради карантинот за корона вирусот во Кина

Шестгодишно дете од кинеската провинција Хубеј видело како дедо му умира, а потоа со денови останало само дома со неговиот труп поради забраната за движење воведена со карантинот за корона вирусот.

Веста за премрежјето на детето го обиколи светот и предизвика гнев и разочараност кај јавноста.

Во областа Џангван во градот Шијан, каде беше воведена „контрола како во време на војна“ за да се спречи ширењето на вирусот Covid-19, локални комунални работници во понеделникот попладнето откриле дека дедото Тан починал во неговиот дом.

Неговиот внук Гуо Руибинг, за кој се претпоставува дека има шест години, бил со него во куќата, објавија локални медиуми. Детето со денови било само во куќата и преживеало јадејќи бисквити.

Кога го прашале зошто не излегол да побара помош, Гуо рекол: „Дедо ми рече да не излегувам. Надвор има вирус.“

Во тек е истрага да се утврди причината за смртта на дедото и колку денови детето било само дома. Исто така се истражува зошто никој со денови не поминал во куќата, со оглед на тоа дека согласно мерките за карантин, дежурните служби требало да поминуваат еднаш дневно за да ги проверуваат локалните жители дали им требаат залихи и дали имаат температура.

Областа Џангван беше првата во која во почетокот на месецов беа имплементирани вонредните мерки за карантин како реакција на заразата со корона вирусот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе