Дескоска: Јовески учествуваше во изработката на законот, ВМРО – ДПМНЕ со лошо алиби ја напушти средбата

Денешната средба за Законот за Јавното обвинителство се одржа во поширок формат – со претставници на парламентарните пратенички групи и со присуство на набљудувачи од Амабасадата на САД во Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ, како и претставник од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.

По десетина минути од почетокот на средбата, претставниците на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија средбата, откако претходно испорачале две барања. Првото барање, кое е прифатено, е организирање на јавна расправа во законодавниот дом.

Второто барање е дека претставниците на ВМРО – ДПМНЕ на почетокот на средбата побарале да присуствува и Јавниот обвинител г. Љубомир Јовески. Министерката Дескоска истакна дека форматот на денешната средба бил договаран со ВМРО – ДПМНЕ и дека тие во ниту еден момент не побарале присуство на Јавниот обвинител.

Дополнително, Дескоска појасни дека г. Јовески бил запознат со оваа верзија на Законот за Јавното обвинителство како член на работната група којашто го изработувала законот, а дека тој и целокупната работна група ќе учестуваат во јавната расправа на законот во Собранието. Министерката истакна дека ВМРО – ДПМНЕ со лошо алиби ја напуштиле денешната средба. “Нивното барање го оценувам исклучиво како обид да се одолговлечи процесот, со цел тие да не ги истакнат своите забелешки, Во суштина, забелешката им е само една, содржана во точката број 9 во пресот на Христијан Мицкоски, а тоа е прекинување на сите постапки поврзани со незаконското следење на комуникациите“, потенцираше Дескоска.

Министерката Дескоска истакна дека претставниците на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштиле средбата со цел да не го соопштат јавно својот став за запирање на постапките на СЈО, пред другите политички партии.

“Наредната недела ќе седнеме уште еднаш прво на јавна расправа, а потоа и подетално ќе има произнесување од сите политички партии. Се надевам дека ВМРО – ДПМНЕ ќе си ја преиспита сопствената одлука денеска и нивното неконструктивно однесување, бидејќи не е добро да останат надвор од процесот во којшто политичките партии можат да демонстрираат дека се за евроинтеграција и дека се за неселективна

борба против криминалот и корупцијата. Секој обид на опструирање на процесот ја праќа спротивната порака: Дека некој сака некој криминал да остане неказнет“, порача Дескоска.

Таа инфомираше дека разговорите ќе продолжат со сите политички партии и пратенички групи во Собранието со цел да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието.

Дескоска истакна дека Предлог – законот за Јавното обвинителство ќе биде поддржан од пратениците на СДСМ и ДУИ. Според министерката, претставниците од Независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата покажале конструктивен однос по однос на јавната расправа и постапката за носење на законот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе