Десет реставрирани филмови со Чарли Чаплин во Кинотеката во март

Во 11 термини кон крајот на март во Кинотеката ќе бидат прикажани десет реставрирани филмови со Чарли Чаплин на ДЦП-формат, како и четири кратки играни филмови на 35 мм од архивската збирка на Кинотеката.

– Легендарниот Чарли Чаплин пред 100 години почнал да ги снима неговите ремек-дела, со кои не само што почнува златниот период на немиот период на Холивуд, туку и на американската и светската кинематографија, соопшти Кинотеката.

Кинотеката во март ќе промовира ДВД-издание на пет дигитално реставрирани македонски играни филмови снимени во изминатите четири децении: „Македонскиот дел од пеколот“ во режија на Ватрослав Мимица, „Три Ани“ на Бранко Бауер, „Жед“ на Димитрие Османли, „Татко (Колнати сме, Ирина) на Коле Ангеловски и „Хај-фај“ на режисерот Владимир Блажевски.

Во рамки на Вечерите на женски права по повод 8 Март, во Кинотеката ќе бидат прикажани два филма кои ја преиспитуваат денешната положба на жената: „Куќа на малата ѕвезда“ – документарен филм на хрватската режисерка Слаѓана Лучиќ и „Отворена врата“ – игран филм во режија на Флоренц Папас.

Кинотеката во март ќе организира и Денови на турски филм, а низ целата месечна програма ќе има и филмски наслови од поновата европска и светска кинематографија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе