Живот

Десет градови кои мора да ги посетите доколку уживате во вкусна храна

29. јануари 2020 - 13:09 | М.С.

Овие градови освен што се познати по културните знаменитости, имаат богата понуда со локални специјалитети.

Оние коишто сакаат да патуваат, сакаат да ја истражат земјата којашто ја посетуваат на повеќе начини. Една од задолжителните работи е дегустирање на вкусна храна.

Insider направи листа на 10 дестинации кои мора да ги посетите доколку уживате во вкусна храна и локални специјалитети.

Маракеш, Мароко

Модерниот градски живот се испреплетува со традиционалниот, па кога ќе се запознаете со разновидните кулинарски техники, ќе изберете што би сакале да јадете. Уличната храна е прекрасна.

Може да пробате многу работи, како што се кускус или грав во различни варијанти.

Ричмонд, Британска Колумбија

Овој град во Канада има Ноќен пазар кој се смета за најголемиот азиски маркет од овој вид.

Тамошните готвачи подготвуваат храна според рецептите од нивните предци, но ја комбинираат со нови техники, па има вкусови коишто може да ги дегустирате само таму.

Геонџи, Јужна Кореја

Овој град е многу популарен во Јужна Кореја, но туристите од Европа сè уште го немаат откриено бидејќи мал број од нив доаѓаат овде.

Единствен е по специфичната храна. Посетителите на овој град можат да бираат дали ќе дегустираат рецепти кои се стари илјадници години или сакаат да пробаат храна која се темели на зеленчук и која се служи во храмовите.

Милвоки, Висконсин

Овој американски град има автентична понуда на храна.

Најпознат по козјата сурутка, нивните единствени кобасици и локалното пиво кое се произведува таму.

Акре, Израел

И во овој град може да пробате необични специјалитети со зачини и вкусови кои ги нема на друго место.

Овој град е полн со ресторани во кои на секој чекор се нудат автентични специјалитети на кои нема да можете да им одолеете.

Марсеј, Франција

Марсеј ја смени понудата на храна за да ги задоволи желбите на новите туристи. Кога во 2013 година беше прогласен за престолнина на културата, имаше наплив на туристи. 

Затоа, во овој град, на менито се вратени специјалитети со африкански корени и со оваа храна се воодушевени сите туристи.

Сараево, БиХ

Во овој град, при подготвување на храна се користат локални намирници на инвентивен начин.

Домашните намирници се додаваат скоро на сите јадења, месо и печиво, па вреди да ги пробате вкусните специјалитите на тамошните готвачи.

Хобарт, Австралија

Готвачите во овој град се премногу креативни за да готват само класични јадења од морски плодови, па затоа постојано воведуваат нови работи во менито за да им дадат посебен шмек на јадењата.

Окланд, Калифорнија

Локалните состојки во комбинација со техниките на подготвување кои се стари неколку генерации го прават ова место да биде специфично подрачје со единствена храна. Додека ги јадете тамношните јадења ќе се запознаете со начинот на кој живеат мештаните. Ќе уживате во пилешко подготвено на јапонски начин.

Корк, Ирска

Туристите ќе уживаат во рецептите кои се пренесуваат од генерација на генерација, а особено ќе уживаат во рестораните кои имаат поглед на прекрасна природа.