Десерт на денот: Торта со макарони

Макароните се храна која одлично оди со сосови од месо, риба и зеленчук, но дали некогаш сте ги пробале во блага верзиjа?

Не, овој рецепт со паста не е воопшто италијански, но блиску. Станува збор за рецепт од градот Стон на хрватскиот полуостров Пељешац во Далмација.

Еден од заштитните знаци на стонската кујна и Пељешац е токму стонската торта, која се прави од макарони или, како што се нарекуваат таму, макарула.

Оваа торта која спаѓа во самиот врв на десертите се подготвува во посебни пригоди, а ние ви го пренесуваме рецептот за да пробате да ја направите сами.

Потребни состојки:

За филот:

  • ½ кг макарони
  • 400 гр шеќер
  • 100 гр чоколадо
  • 300 гр бадеми
  • 200 гр ореви
  • 250 гр путер
  • 10 јајца
  • ванилин шеќер
  • цимет
  • лимон
  • рум
  • маслиново масло

За тестото:

  • 400 гр брашно
  • 2 јајца
  • маслиново масло
  • сол

Подготовка:

Макароните се варат во зовриена вода и се „ладат“. Се преливаат со сок од лимон, рум и маслиново масло.

Се замесува тесто од брашно, јајца, маслиново масло (кое може да се замени со путер) и сол и се остава малку да отстои.

Тестото се оптегнува во тенок лист. Калапот (садот за печење) намачкајте го со маслиново масло (или путер) и сето тоа прелијте го со лист тесто кој треба да се протега десетина сантиметри преку работ на калапот.

Дното од калапот се посипува со филот (мешавина од рендано чоколадо, шеќер, мелени ореви и бадеми, кора од лимон, ванилин шеќер и цимет), потоа доаѓаат сварените макарони, филот повторно се посипува, парчиња путер се фрлаат и сѐ се покрива со изматени јајца. Овој процес на редење се повторува три до четири пати додека не се потроши предвидената количина намирници.

Филот се покрива со вишокот тесто што поминало преку рабовите. Колачот лесно се притиска со рака за да се израмни и тестото да се залепи за филот и калапот. Површината се премачкува со путер.

Стонската торта се пече 50 минути на температура од 175 степени.

Изладената торта се превртува при вадењето од калапот така што долниот дел ќе стане горен. Одозгора се става ванилин шеќер и потоа се сече.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе