Дел од најголемите стопанства се на работ на рецесија

Берзите затворија минатата недела во неизвесна атмосфера. Не е тешко да се претпостави зошто – ширењето на новиот корона вирус зазема поголеми размери низ Европа и има конкретни знаци дека дел од најголемите светски стопанства би можело да влезат во рецесија бидејќи епидемијата на корона вирусот само ги „консолидира“ слабостите што веќе постоеја.

Да ја земеме Јапонија – третото најгоелмо стопанство во светот се намали за 1,6% во четвртиот квартал од 2019 година откако земјата ги апсорбираше последиците од зголемувањето на данокот на продажба и од разорниот тајфун. Вакво намалување во споредба со претходен квартал немало од 2014 година.

ZEW, Индикаторот на економската состојба во Германија кој внимателно се следи, забележа англо опаѓање во февруари, одразувајќи ги стравувањата дека вирусот би можел да се одрази на светската трговија.

Економистот Итан Харис од Bank of America укажува дека многу помали стопанства исто така страдаат во оваа ситуација. Хонгконг е веќе во рецесија, а и Сингапур се очекува да го снајде иста судбина.

Податоците за БДП во четвртиот квартал во Индонезија покажаа рекорден пад во изминативе три години, додека во Малезија имаше најлош пад во зиминативе 10 години.

Сево ова укажува дека пстои огромна загриженост колку е способно глобалното стопанство да го издржи шокот од корона вирусот.

Харис вели дека слабиот квартал најверојатно е резултат на заостанатата штета од трговската војна меѓу Кина и САД, а корона вирусот само ја влошил состојбата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Бизнис

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе