Дедо и внук повредени на пешачки премин во Штип

Штип, 19 февруари 2019 (МИА) – Такси возило утрово удри во двајца пешаци на пешачки премин во централното градско подрачје во Штип. Пешаците, кои биле дедо и внук, се здобиле со телесни повреди.

Несреќата се случила утринава околу 8 часот, кога 65-годишниот пешак и неговиот осумгодишен внук преминувале на пешачки премин на мостот кај Стопанска банка, а во нив удрило такси возило марка шкода „фабиа“. Возилото го управувал 60-годишен возач од Штип.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека пешаците веднаш се пренесени во штипската Клиничка болница, каде што им се констатирани телесни повреди.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска забележа дека по извршените прегледи и снимања утврдено е дека лицата се со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување.

Во Штип пред неколку месеци на пешачки премин на булеварот „Гоце Делчев“ беше прегазен 14–годишен средношколец, кој неколку дена подоцна им подлегна на тешките повреди, а во истиот период беше прегазена жена на пешачки премин кај кружниот тек кај Стопанска банка.

Панјотова апелира возачите и пешаците  да внимаваат и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, со цел поголема безбедност за сите ученици во сообраќајот. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Хроника

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more

Три скопјанки искасани од кучиња скитници

Read more

Двајца загинати во сообраќајката на патот Штип-Кочани

Read more
 

Вести

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе