Дечково протестира за малите важни работи и има поддршка од нас

Ако понекогаш се чувствувате дека вашиот глас и мислење се небитни во овој огромен свет, Сет е тука да ве убеди во спротивното.

Овој дечко од Њујорк го води Instagram профилот Dude With Sign каде објавува фотографии на кои протестно држи транспаренти на јавни места преку кои го изразува незадоволството за малите, но сепак многу важни работи за кои се чини сите се нервираме, ама никој не зборува.

Сет е тука да крене транспарент во името на секој од нас. За сите нервози кога луѓе стануваат веднаш откако авионот ќе слета, за сите полупразни кесички со чипс, за сите „отров“ сториња на Instagram.

Сет е супер дечко. И има поддршка од нас.