Де Лаурентис: Фала богу не го донесов Енрике, видете што прави во ПСЖ

Наполи во неделата загуби на домашен терен од Фиорентина со 3:1. Актуелниот шампион по осум кола има 7 поени помалку од лидерот во Серија А, Милан. Во Лигата на шампионите, Наполи стартуваше со победа во Брага (1:2), а потоа забележа пораз на домашен терен од Реал (2:3).

Лучано Спалети, кој минатата сезона го предводеше клубот до првата титула по 33 години, повеќе не е на клупата на Наполи. Спалети ја презеде репрезентацијата на Италија, а на клупата на Наполи го наследи Руди Гарсиа. За многумина, Гарсиа нема капацитет да го води Наполи.

Претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, на прес-конференција во Рим ја коментираше ситуацијата во клубот.

„Сигурен сум дека оваа сезона ќе се бориме за титулата во лигата до самиот крај. Бев во контакт со неколку тренери летово. Тиаго Мота не сакаше да дојде, а имав и неколку разговори со Луис Енрике. Фала му на Бога што не го донесов, видете што прави со ПСЖ“, изјави Де Лаурентис и ја коментираше идејата Суперкупот на Италија повторно да се игра во Саудиска Арабија:

„Оној што сака да игра Суперкуп во Арабија е морон. Гледате ли што се случува во Израел? Сигурен сум дека ќе бидат забранети летовите во тој регион. И сега ќе одиме таму за некој да заработи уште неколку милиони? Ајде да играме на 'Олимпико'“.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе