Ракомет

Данец е првиот ракометар заразен со Covid-19

16. март 2020 - 14:38 | Ф.З.

Бекот на Рајн-Некар Левен и на данската репрезентатија, Мадс Менса Ларсен, е првиот ракометар заразен со корона вирусот.

По фудбалот и кошарката, корона вирусот пристигна и во светот на ракометот. Денеска на својата официјална веб-страница германскиот тим објави дека играч од нивниот тим е позитивен на вирусот.

„Тој имаше симптоми на грип минатата недела и потоа беше тестиран за корона вирусот на што излезе позитивен. Менса, кој сега вели дека се чувствува добро, беше веднаш сместен во 14-дневна домашна изолација заедно со неговата фалимија“, стои во клупската објава.

Менса веќе се договори со Фленсбург каде ќе се пресели по завршувањето на сезоната. 28-годишниот играч ила злато со Данска од Олимпијадата 2016 во Рио и Мундијалот 2019. Татко му е од Гана, додека мајка му е Данкиња.

„Ние цело време сме во контакт со нашиот тимски доктор, Министерството за здравство и властите и ќе направиме с за да г спречиме ширењето на вирусот. Свесни сме за нашата обврска и одговорност во оваа критична ситуација. Здравјето на нашите играчи и вработени е наш најсисок приоритет“, рече спортскиот директот на клубот, Џенифер Кетерман.

Од клубот најавија и дека веднаш прекинуваат со одржувањето на тренинзите.