Данило Д'Амброзио се снаоѓа како да тренира во изолација, па се пофали на Instagram, а неговиот соиграч Стефано Сенси веднаш го пецна.
Секој фудбалер на различен начин пробува да остане во форма за време задолжителниот престој до домашен карантин. Бекот Д'Амброзио како дел од неговите домашни тренинзи го користи своето синче кое и тоа како му се наоѓа.
„Тренинг со мојот најдобар другар“, напиша Д'Амброзио на видеото постирано на Instagram.
На тоа се јави неговиот соиграч Сенси: „Мислиш на твојот син! Бидејќи топката не ти е баш добар другар..“, алудирајќи на тоа дека Данило не е многу спретен кога топката му е во нозе.
Д'Амброзио ја прифати шегата враќајќи „Да, да, очигледно е“.