Дали знаете што е номофобија? Ова се симптомите

Сè повеќе луѓе страдаат од ова ментално нарушување, па затоа обрнете внимание на симптомите.

Мобилните телефони станаа составен дел од нашите животи, секојдневие, работа, активности. Не ги користиме исклучиво само за комуникација, туку и за социјални мрежи, како организатори, мапи, аларми, на нив играме игри, гледаме филмови, следиме план од диета и слично.

Едноставно, смартфоните станаа дел од секојдневието на многу луѓе во современото општество, што доведува до појава на номофобија, нарушување кое одликува страв од живот без телефон.

Тоа не е страв од губење, кражба или кршење на телефонот. Тоа е страв да излезете од дома без телефон, чувство на напнатост кога ќе се исклучи батеријата, немаме полнач при рака или анксиозна состојба кога сме на места каде е забрането да се употребува телефон.

На многумина ваквото нарушување им изгледа нереално, а на некои дури и смешно. Но, експертите укажуваат дека таквиот тип страв и тип на анксиозност може сериозно да го загрози менталното здравје и рамнотежа на човекот.

Зборот номофобија потекнува од англиските зборови „no-mobile-phone phobia“, односно фобија која се појавува од недостаток на мобилен телефон. Првото истражување на оваа тема е спроведено во 2008 година, на повеќе од 2.000 испитаници. Резултатите покажуваат дека во тој период 50% од луѓе чувствувале страв и несигурност кога покрај себе ги немале мобилните.

Подоцнежните истражувања покажуваат поголеми проценти. Како што напредува технологијата и мобилните телефони се усовршуваат, така се развива и номофобијата.

Симптоми на ова нарушување се:

- непријатно чувство кога мобилниот е исклучен

- постојана проверка на телефонот дали има пропуштен повик

- полнење на батеријата и кога е целосно полна

- постојано носење на телефонот со вас, дури и во тоалет

- страв дека ќе останете без Wi-Fi сигнал или интернет

- страв дека ќе се случат негативни работи и нема со што да повикате помош

- одложување на секојдневните активности или планови за да минете повеќе време на телефон.

Покрај номофобијата може да се појават и одредени физички симптоми како забрзано дишење, забрзано чукање на срцето, зголемено потење. Се појавуваат слични физички симптоми како кај напад на паника.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе