Бизнис

Дали современата технологија создава или уништува работни места?

20. февруари 2018 - 9:53 | А.С.

Во наредните 25 години луѓето нема да работат 40% од денешните професии, но поважно од прашањето дали машините ќе нѐ заменат, е да одговориме на прашањето кои вештини ни се потребни за да ги обавуваме професиите на иднината.

Ова е заклучокот на предавањето „Роботиката и машинското учење ги менуваат професиите на иднината“ што го одржа Јорг Стукер, шеф на одделението за иновација и роботика во швајцарската софтверска агенција „Namics“.

Наведувајќи ги последните анализи на Светскиот економски форум, Стукер истакна дека годишно исчезнуваат 15% од професиите, но дека истовремено во просек се создаваат 70.000 нови занимања. Поради тоа многу е важно да се размислува за образование за овие идни професии.

Истражувањата направени во Швајцарија и кои може да се применат и на други пазари на труд покажуваат дека 56,3% од луѓето на возраст од 25 до 39 години ја смениле работата во изминатите три години, од што може да се заклучи дека традиционалната потреба за постојано вработување на едно место е заменета со потреба за постојано учење.

Иако 78,6% од светската популација помлада од 30 години смета дека технологијата не уништува, туку дека создава можности за вработување, постарите се поскептични кога станува збор за работните места, истакнува Стукер кој смета дека секој кој денес бара работа треба што е можно порано да ги зајакне своите вештини.

Тој исто така тврди дека во иднина ќе биде сѐ повообичаено луѓето да обавуваат повеќе работи истовремено, што ќе влијае на развојот на т.н. „gig стопанство“ што подразбира дека луѓето почесто ќе заработуваат како фриленсери или на платформи како Uber, AirBnB или Etsy.

За да се снајде во едно такво опкружување, човек ќе мора дополнително да развие способности што ќе го направат раличен од машините. Тука пред сѐ се мисли на способноста на човекот да разликува лажни од вистински информации во морето од вести, што се нарекува филтрирање на информации и систематско размислување. Исто така, секој ќе мора да работи на развивање на својата социјална интелигенција за да може поефикасно да работи во тим“, објаснува Стукер.

Иако прашањето дали новите технологии позитивно или негативно влијаат на професиите и работните места станува сѐ поактуелна тема на разговор меѓу оние кои денес бараат работа на пазарот на труд и нивните родители, баби и дедовци, Стукер смета дека младите луѓе се оправдано оптимистични.

Моменталната технолошка револуција не би требало да стане борба меѓу луѓето и компјутерските алгоритми, туку прилика за човекот да го спознае својот целосен потенцијал. Алгоритмите, на пример, се во предност кога зборуваме за препознавање на слики и тука може да бидат идентификувани и како помош и како закана. Луѓето со успех од 97,5% го препознаваат истиот лик на две фотографии, додека алгоритмот точно поврува 99,7% од фотографиите, а ако го „истренираме“ тоа го прави со успешност од 100%.

Тоа е можеби лоша вест за некој кој работи на пункт за безбедносна проверка на аеродром, но дефинитивно е добра за рано дијагностицирање и терапија на болести што се забележуваат на рентген снимка, заклучува Стукер.