Дали Путин вечно ќе владее со Русија?
На еднонеделниот референдум во Русија, мнозинството граѓани гласаа за измени во Уставот што ќе му овозможат на Путин да остане на власт до 2036 година.
Врз основа на 100 отсто од преброените гласови, 77,92 отсто гласаа за уставните амандмани, додека 21,27 проценти беа против, соопшти Централната изборна комисија во земјата. Според последните податоци, 65 отсто од гласачите излегле на гласањето.
Ова значи дека 67-годишниот Путин ќе стане единствениот владетел на Русија кој најдолго бил на власт.
Нема независна анализа на референдумот, а примероци од новиот Устав се појавија во книжарниците уште во текот на неделава.