Дали млечните производи се лоши за вашето здравје?

Без разлика дали имате нетолеранција на лактоза или не, треба да бидете информирани за храната што ја внесувате вие и вашето семејство. Прашањето „Дали млечните производи се лоши за вашето здравје?“ нема едноставен одговор и секкако, не одговор што е ист за сите.

Треба да знаете што содржат млекото и млечните производи за да знаете дали и како ви штетат. Доктор Ентони Балдузи од Fit Father Project - Fitness For Busy Fathers подготви одлично срочено видео од десетина минути во кое дава одговор на (речиси) сите ваши прашања на оваа тема.