Дали Грција се подготвува да го признае Косово?

Честите состаноци на грчките официјални лица со претставници на Косово ги натераа многумина да се запрашаат дали претстои признавање на независноста на Косово.

Интеракциите меѓу Приштина и Атина станаа почести во првата половина на оваа година. Косовскиот премиер Албин Курти минатата недела ја посети Грција, каде беше примен од премиерот Кирјакос Мицотакис, проследено со низа меѓусебни посети.

Грчкиот министер за одбрана Алексис Ципрас е на списокот на луѓе кои ги запознал Курти, пишува Клариса Фетаху за Приштина инсајт.

Ова проширување на билатералните односи натера многумина да се прашаат дали Грција е близу до официјално формално признавање на приштинските власти, по долга низа години во кои Атина беше неутрална и одржуваше статус кво.

Претходно, Атина цврсто стоеше на ставот дека, како членка на ЕУ, е отворена за признавање на независноста на Косово дури по склучувањето на договорот за нормализација со Србија, но тоа не се случи, и тешко дека ќе се случи.

Во јуни годинава грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас ја посети Приштина, втора посета за помалку од една година. Дендиас тогаш изрази подготвеност да му помогне на Косово во процесот на визна либерализација. После таа посета, Канцеларијата за економски и трговски работи на Косово во Атина беше промовирано во Канцеларија за интереси, што покрај економската соработка, вклучува и развој на политички односи.

Досега, Грција се придржуваше до меѓународното право во врска со независноста на Косово пред сѐ заради позицијата на Северен Кипар, кој беше окупиран во 70-тите години на минатиот век и е основан како независна држава од Турција.

Сепак, се чини дека ова нема да биде голема пречка за Атина ако навистина се покаже дека сака да воспостави официјални односи со Косово.

Во минатото, грчкото гласање овозможи Косово да се приклучи на Светската банка, Европската банка за обнова и развој и други меѓународни економски институции, вклучувајќи ги Меѓународниот монетарен фонд и Банката за развој на Советот на Европа. Грција исто така учествува во мисијата КФОР на ЕУЛЕКС и на НАТО.

Во суштина, во овој момент, Атина и Приштина соработуваат во скоро сите области, и останува само грчкото признавање на Косово за да ги зајакне дипломатските врски.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Регион

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе