Дали Американците знаат зошто го прославуваат четврти јули?

Денот на независноста во САД или четврти јули се прославува по повод усвојувањето на декларацијата на независност донесена на 4 јули 1776 година, по што 13 американски колонии стануваат нова нација која не е повеќе дел од Британската империја.

Марк Дајс објави ново видео во кое ги прашува случајните минувачи покрај плажа во Сан Диего дали знаат зошто го прославуваат празникот, од кого земјата прогласила независност, која година е потпишана независноста и слични прашања. Одговорите се различни :)