Џафери сè уште не ја примил иницијативата за референдум

Претседателот на Собранието Талат Џафери сè уште ја нема примено иницијативата за започнување на процедура за утврдување на уредноста на иницијативата за собирање на граѓански потписи за почеток на Референдумот што го најави ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од неговиот кабинет.

– Џафери е надвор од државата. Во моментот кога ќе ја прими ќе бидете информирани на време, посочуваат од таму.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес официјално ја поднесе иницијативата до Собранието. Координаторот Никола Мицевски изјави дека собрале повеќе од 650 потписи за референдумот за не повеќе од половина час.

Мицевски појасни дека поентата е да ги слушнат граѓаните во државата во врска со прашања што ги тангираат, како од меѓународната политика, така и од економијата и секојдневното живеење.

Во однос на тоа кои ќе бидат следните чекори доколку претседателот на Собранието ја прогласи иницијативата за неуредна, тој одговори дека внимавале со самото прашање и како ќе биде правно-формално напишана и доставена до Собранието, а доколку не го помине првиот филтер, Мицевски рече дека „се надева на свеста на пратениците од владејачкото мнозинство“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски претходно ги повика премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на државата Стево Пендаровски „да не опструираат преку Талат Џафери“ и истакна оти референдум мора да има. 

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Македонија

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more
 

Вести

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе