Црвената Месечина им го разубави 4 Јули на Американците
Црвената Месечина снимена над небото на Вашингтон го разубави националниот празник на САД, Денот на независноста кој нацијата го прослави на 4 јули.
Полната Месечина со црвена боја кога се појавува во месец јули Американците ја нарекуваат „Buck Moon“ според видот на елени кои живеат во Северна Америка и на кои во јули почнуваат да им растат роговите.
Америка својот најголем празник го прослави далеку поскромно од порано поради пандемијата со коронавирусот. Декларацијата за независност била донесена на 4 јули 1776 година.