Црногорскиот шампион во лежење упаднал во медиум и повредил двајца

МИА / КАЈГАНА
/ 24.08.2022 / 10:55

Победникот на овогодишниот 12-ти натпревар во лежење во Црна Гора, Жарко Пејановиќ, познат како Кнеле од Забјело, упаднал во просториите на дневниот весник ДАН и физички ги нападнал вработените, кршејќи инвентар, бидејќи во информацијата за неговата победа го нарекле „најголем џаболебар“.

Фото: ДАН

Настанот се случил синоќа и во таа прилика биле повредени техничкиот уредник и новинар.

Натпреварот во лежење се одржува секоја година во Етно село Монтенегро во Брезна. Пејановиќ е годинашниот победник по 55 часа непрекинато лежење. Порталот појаснува дека „najveći džabalebaroš“ (најголем џаболебар) веќе неколку години е востановената титула за победникот на овој веќе традиционален натпревар.

Пејановиќ, се вели, почнал да прави хаос веќе во рекламниот оддел на ДАН, па продолжил и во другите редакции. Полицијата интервенирала и тој бил приведен.

Инаку, речиси сите портали во Црна Гора и регионот објавија за натпреварот и сите го користеа изразот „најголем џаболебар“.

По тој повод и полицијата излезе со соопштение во кое прецизираше дека Пејановиќ физички го нападнал техничкиот уредник на редакцијата А.Ј. и го скршил стаклото и дел од инвентарот во овие простории. А.Ј. во оваа прилика се здобил со повреди во вид на гребаници на раката.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Живот

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Read more

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе