Covid-19: Нови случаи во Британија и Австрија, Макрон предупредува на криза, српски епидемиолог смирува

Во Велика Британија денеска се пријавени уште два случаи на инфекција со новиот корона вирус Covid-19, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 15.

Заразените се во Кралската болница во Ливерпул и Кралската слободна болница во Лондон. Владата на Велика Британија подготвува мерки за борба против епидемијата што се шири низ целиот свет, откако вчера бројот на заразени лица во светот го надмина бројот на заразени во Кина.

По две потврдени инфекции со новиот корона вирус во австриската провинција Тирол, еден човек во Виена денеска е позитивен на коронавирусот. Се работи за 72-годишен маж кој се наоѓа во изолирано одделение на болницата Рудолфстифтунг. Во Виена повеќе од 70 лица биле тестирани за корона вирусот, а ова е прв случај на докажана инфекција.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја посети болницата во Париз во која се лекуваат пациенти заразени со новиот корона вирус. Посетата доаѓа во време кога француската влада се соочува со притисок од јавноста за да докаже дека земјата ефикасно се бори против епидемијата на Covid-19. Во Франција досега од Covid-19 починаа две лица – постара кинеска туристка и 60-годишен Французин. Тој почина во болницата во Париз, која утрово ја посети Макрон.

– Се соочуваме со криза, со епидемија која доаѓа, изјави Макрон и нагласи дека државата се подготвува да се соочи со голем број на случаи на луѓе заразени со новиот корона вирус.

Српскиот епидемиолог Предраг Кон денеска изјави дека во Србија сѐ уште нема позитивни лица на новиот корона вирус, но оти треба да се каже дека земјата е блиску до ситуација да се појави затоа што „е во близина“.

– Постои закана, треба реално да се согледа која е таа закана, во смисла дека корона вирусот е вирус кој се појавува веќе трет пат и многу е адаптиран на човечкиот вид, што значи дека предизвикува се поблаги и поблаги болести во однос на претходниот период. Тоа се факти кои се собрани од досегашните податоци, рече Кон.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе