Citroën го претстави обновениот C3 со поголема моќност и комфорност

Citroën го претстави освежениот C3, новата верзија на најпродаваниот модел на оваа француска автомобилска компанија која е пример по успехот од над 750.000 продадени модели кон крајот на 2016 година.

Со скоро 4,5 милиони изработени примероци од неговото појавување на пазарот, C3 е најпродаваниот модел на Citroën кој на крајот на декември беше меѓу пет најпродаваните автомобили во Европа во Б сегментот и трет најпродаван автомобил во Франција.

Освежениот C3 има нов дизајн со препознатлив стил и единствен облик.

Под слоганот „Inspired by You“, Citroën на секој свој купувач овозможува да го смисли возилото во склад со својот стил.

Можностите кои ги нуди новиот C3 сега се проширени од 36 на дури 97 комбинации, вклучувајќи ги новите бои на каросеријата- црвена Elixir и сина Spring, нов пакет Color и нова боја на кровот со нови можности за уредување на внатрешноста.

C3 сега има нови и ефикасни и штедливи мотори од најновата генерација кои се хомологирани во склад со нормите на Euro 6. Новиот C3 е достапен со мотор со автоматски менувач.