Ципрас: Сакав да најдеме решение и со Груевски, но тој одбиваше

Скопје, 20 мај 2019 (МИА) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за Financial Times вели дека се обидел да иницира договор за спорот за името уште за време на владеењето на поранешниот премиер Никола Груевски, но оти тој одбивал каква било средба. За таквата намера, истакнува Ципрас, ја информирал и германската канцеларка Ангела Меркел.

„Груевски беше човек кој никогаш не сакаше да преговара. Се сеќавам дека отидов во Берлин. Се сретнав со канцеларката Меркел. Долго време дискутиравме за економската криза, долгот, дефицитите, меморандумите и сл. Решивме да зборуваме и за надворешна политика, а јас и реков: сакам да го решам овој проблем, дури и со Груевски. Ќе се обидам да го предизвикам со тоа што ќе го седнам на маса. Ако тој не сака да седне на маса, ќе биде обвинет дека не сака решение“, наведува Ципрас.

Меркел, како што раскажува грчкиот премиер, му одговорила дека не му верува бидејќи сите негови претходници не сакале да го отворат ова прашање, а особено поранешниот премиер Андонис Самарас.

„И реков дека моето мислење е поинакво, оти Грција ќе има корист ако успееме да ги решиме споровите со нашите северни соседи. Грција има доволно разлики со соседите на исток – и не ни требаат повеќе проблеми со нашите северни соседи, особено ако се земји кои не се закана за нас“, изјави Ципрас.

За постигнатиот договор за името со Зоран Заев, за што пратеници во Европскиот парламент ги номинираа за Нобелова награда за мир, Ципрас вели станува збор за балансирано и обострано корисно решение.

„Се чинеше дека единствената разлика беше името. Но, не беше само името – туку и нашата историја и нашиот идентитет. Тоа ги правеше работите многу тешки. Мислам дека постигнатиот договор е  балансиран. Никој не ја доби својата позиција 100 проценти… Северна Македонија е мала земја со 2,5 милиони луѓе. Ако имаме нормална врска, оваа земја би можела да биде стратешки партнер за Грција, поле за инвестиции, за отворање пазари“, вели Алексиси Ципрас во интервјуто за Financial Times.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе