Чудото од мост на Путин руши рекорди

Кримскиот Мост се покажа како многу значаен за возачите кои секојдневно ја користат оваа рута.

Мостот го сруши рекордот на дневен сообраќај – во неделата преку него поминаа 32.000 возила. Откако беше отворен, преку мостот поминаа 1,6 милиони возила.

Овој обем на сообраќај веќе е за 20% поголем од транспортот со траект што беше единствен начин да се поврзе Крим со Русија.

Моментално мостот е отворен само за автомобили, а со товарен сообраќај ќе се почне наесен. Железничката структрура на мостот треба да биде завршена следната година.

Сообраќајот е зголемен и поради туристите кои одат на одмор. Крим очекува дури шест милиони туристи годинава.

Со оглед на тоа дека се зголемува обемот на сообраќај преку мостот, руската влада размислува за градење на автопат и тунел преку Кримскиот Полустров.

За изградба на овој мост се зборуваше уште кон крајот на 19 век, а со градење на мостот почна дури и нацистичка Германија, но проектот беше стопиран.

Советскиот сојуз исто така се обиде да го изгради мостот, но проблем претставуваше ладната зима.

Русија и Украина во поново време се обидоа да договорат заеднички проект, односно мост со модерна технологија, но до договор не дојде.

Работите се променија после руската анексија на Крим, проектот започна во 2015 година, а конкретното градење на мостот започна една година подоцна.

 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе