Чудесни трансформации од напуштени и занемарени кучиња

Многу волонтери ќе ви кажат дека спасувањето на само едно куче нема да го промени светот, но за тоа куче светот дефинитивно ќе се промени. Кучето повеќе нема да биде само, преплашено и гладно, отфрлено на улица. Нема да се плаши од минувачите и нема да го напаѓаат други кучиња.

Ќе ужива во новиот дом, ќе почне повторно да им верува на луѓето и ќе научи што е љубов. Со новото семејство ќе доживее прекрасни моменти и ќе им биде најверен пријател, животен сопатник и храбар херој во одредени ситуации. Но, за да се постигне и достигне ова ниво на среќа треба многу работа. Доказ за тоа е работата на Давид Фернандес, волонтер чија мисија е да им помогне на кучињата кои никој не ги ни погледнува на улица.

Таквите кучиња страдаат од напредна фаза на шуга, имаат отворени рани на телото и нечисто крзно. Тој се грижи за нив и ги доведува до неверојатна трансформација.