Чоколадна торта со костени и бадеми

Одличен предлог за торта за Новогодишната ноќ. Изненадете ги пријателите.

Потребно е:
500 г мармалад од костени
200 г млечно чоколадо
200 г путер
6 јајца
100 г мелени бадеми
3 лажици брашно

за глазурата:
150 г црно чоколадо
100 мл млечна слатка павлака (со мин. 30% масленост)
1 лажиче путер

и уште:
малку кандирано овошје и чоколадо за декорација

Подготовка:
– Подгответе го калапот за печење со дијаметар од 23 см. На дното ставете хартија за печење, а ѕидовите премачкајте ги со малку путер.

– Путерот и чоколадото заедно растопете ги на пареа и оставете ги неколку минути да се изпадат.

– Раздвојте ги белките и жолчките од јајцата. Белките со миксер изматете ги во густ шлаг.

– Исто така и жолчките убаво изматете ги. Додадете ги растопеното чоколадо и путерот и на крај мармаладот од костени. Повторно убаво изматете.

– Во таа смеса постепено додадете го шлагот од белки и полека мешајте со дрвена лажица.

– Во смесата додадете ги мелените бадеми и брашното и измешајте. Смесата сипете ја во подготвениот калап

– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 35 минути. Внимавајте да не ја препечете, затоа што тортата треба да биде сочна кога ќе се излади. Оставете потполно да се излади и извадете ја од калапот.

– За глазурата, на пареа растопете ги чоколадото заедно со слатката павлака и путерот. Оставете малку да се излади и со ова премачкајте ја изладената торта.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Read more

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Read more

Традиционално католичко велигденско лепче со суво грозје

Read more

За посни гурмани: Похувана риба во слатко-кисел сос

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе