Живот

Четири знаци дека имате висока емоционална интелигенција

12. февруари 2020 - 16:02 | Б.С.Б.

Емоционалната интелигенција е една од највредните квалитети што некој може да ги има. Значително се разликува од рационалната интелигенција и се однесува на разбирање, препознавање и управување со сопствените емоции, но и за разбирање на емоциите кај другите луѓе.

Ако ова сте го забележале кај вас, тогаш емоционалната интелигенција ви е на високо ниво. Со помош на овие четири совети ќе успеете да ја подобрите.

1. Разликите меѓу емоционална и рационална интелигенција

Емоционалната интелигенција не може да се измери со средствата со кои се мери рационалната бидејќи е посубјективна. За разлика од рационалната, може да се подобри со времето.

2. Неспорната важност на емоционалната интелигенција

Луѓето кои се изразито емотивно интелигентни се емпатични, но тоа не значи дека се пречувствителни и премногу сентиментални. Тие умеат да ги препознаат сопствените и туѓите емоции, да ја утврдат нивната причина и на вистинскиот начин да се носат со нив. Овие луѓе ја воочуваат тензијата што владее меѓу други луѓе, знаат да препознаат кога колегата им е вознемирен и знаат како да му пристапат.

Емоционалната интелигенција може да биде добро тајно оружје во професионалниот живот и во животот воопшто. Од друга страна, тешко е да остварите квалитетен однос со некој кој има ниска емоционална интелигенција бидејќи таа личност не умее да ги усклади личните емоции со ситуациите ниту ги зема обѕир чувствата на другите луѓе.

3. Четири примери на емоционална интелигенција

Ако имате високо ниво на емоционална интелигенција, тогаш имате способност за:

- разбирање на одредени емоции кои се појавуваат во одредени ситуации

- прилагодување на своите емоционални реакции на различни ситуации

- сте емпатични и ги препознавате туѓите емоции

- ја прилагодувате вашата порака на слушателот

4. Како да ја подобрите емоционалната интелигенција?

Редовно размислувајте за себе, за вашите постапки и емоции. Како да реагирате во одредена ситуација и зошто? Како да се подобрите?

Обидете се да бидете сочувствителни со другите, прашајте ги што ги мачи и внесете се во нивниот проблем како да е ваш, за да развиете емпатија.