Фудбал

Чех почнува кариера во хокеј

10. октомври 2019 - 8:35 | МИА
Лондон, 10 октомври 2019 (МИА) – Поранешниот голман на Челси и Арсенал, Петр Чех, потпиша договор со британскиот хокеарски клуб Гилдфорд Феникс. Условите на договорот со 37-годишниот фудбалер не се обелоденети.

„Драго ми е што имам можност да играм за Феникс за да стекнам искуство. Се надевам дека можам да му помогнам на овој млад тим да ги оствари своите цели за сезоната и да освои максимален можен број натпревари. После 20 години професионален фудбал, ова ќе биде неверојатно искуство за мене. Хокеј е игра што сакам да ја гледам и играм уште од детството“, изјави Чех.

Тој ја заврши кариерата по сезоната 2018/19.

Чех може да дебитира за Гилдфорд на 12 октомври во натпревар против Нотингем.