Царовска: Нема поплаки за исплатата на покачената минимална плата

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Засега добро тече исплатата на покачената минимална плата на 14.500 денари и тоа е поврзано со мерката за субвенционирање на раст на плати. Сигурна сум дека доколку имаме целосен мандат од четири години ќе постигнеме минимална плата од 16.000 денари, порача денеска вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

-Во суштина со мерката за субвенционирање на раст на плати работодавачите порано ги покачија платите и ја постигнаа минималната плата. До мене не е стигната информација дека некој не ја исплаќа минималната плата и засега нема одредена реакција од здруженијата и синдикатите. Имав завчера состанок со стопанските комори и сите синдикати и вакво прашање не беше отворено. Сепак, не можеме да очекуваме 100-процентна реализација на која и да е мерка во државата, но досега не е подигнат аларм. Ако има такво нешто сакам веднаш да се согледа и да се реагира од Трудовиот инспекторат, рече Царовска во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Вицепремиерката потенцира дека минималната плата расте со динамика да го постигне износот од 16.000 денари што беше ветен за крај на четиригодишниот мандат на Владата.

-Треба уште време за четиригодишниот мандат, но она што го постигнавме како договор меѓу сите засегнати страни за покачување на минималната плата на 14.500 денари е огромно постигнување за нашата држава. Отпор немаше од никого, бидејќи државата не наметнува, туку оваа Влада разговара со стопанските комори, со организациите на работодавачи и со синдикатите. Сите компромисно рекоа дека е потребна оваа мерка не само за да го задржиме наслението и работниците да останат во државата, туку и дека е доста со ниски и девалвирачки плата. Тоа е одлична позиција која и натаму заеднички треба да ја градиме, рече Царовска и додаде дека сигурна оти ќе се постигне минимална плата од 16.000 денари доколку има целосен мандат од четири години.

Нагласи дека токму намената на мерката за субвенционирање на раст на плати беше да помогне  на фирмите кои не може да постигнат такво покачување на минималната плата.

-Треба да почекаме до март да видиме што ќе се случи со просечната плата со искористувањето на мерката субвенциониран раст на платите. Сметам дека ќе постигнеме многу и дека минималната плата во суштина ќе биде повисока и нема да се задржат дел од компаниите на неа и ќе остане помал број на вработени со минимална плата, рече Царовска.

За барањето од работодавачите парите да им се вратат на рака откако ќе се исплати минималната пата рече дека е кривично дело што треба да се санкционира.

-Трудовиот инсекторат самостојно ме може да го движи тоа, туку мора во заедничка акција по пријава или сомнеж, случајно добиена информација, претставка, да направи  заедничка акција со другите надлежни органи кои имаат таква надлежност, истакна Царовска. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе