Бугарија дозволи прелет на авионот на Лавров за да пристигне на самитот на ОБСЕ во Македонија

МАКФАКС
/ 28.11.2023 / 08:57

Руската амбасада во Бугарија соопшти дека бугарските власти дозволиле авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да прелета низ бугарскиот воздушен простор за да пристигне на самитот на ОБСЕ во Македонија, пренесуваат медиумите во регионот.

„Да, потврдуваме“, изјавија од руската амбасада за РИА на прашањето дали е вистина дека Бугарија дозволила авионот на шефот на руската дипломатија да прелета.

Портпаролот на Европската Унија, Петер Стано, претходно изјави дека дозволата за прелет на руското Министерство за надворешни работи не претставува кршење на антируските санкции.

Состанокот на министрите за надворешни работи на 57-те земји членки на ОБСЕ ќе се одржи во Скопје од 30 ноември до 1 декември на барање на претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.

Москва: Нема да има средба меѓу Лавров и Блинкен во Македонија

Москва објави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен нема да се сретнат на состанокот на ОБСЕ во Македонија оваа недела, пренесе Reuters.

Лавров претходно изјави дека ќе им се придружи на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која ги вклучува Канада и Соединетите држави, во Скопје, доколку Бугарија му го отвори својот воздушен простор.

Тој посочи и дека некои западни земји побарале средби со него.

Од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, средбите во живо меѓу руските министри и министрите на западните земји се ретки.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави дека Вашингтон не побарал средба, „нема да побара и нема да има средба“, пренесува Тасс.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Свет

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more
 

Вести

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе