Брутално искрен трејлер за „Terminator: Dark Fate“

Долго очекуваното шесто продолжение во франшизата Terminator не помина добро на киноблагајните.

Линда Хамилтон и Арнолд Шварценегер по 28 години ги репризираа улогите на Сара Конор, односно T-800 Terminator, во „Terminator: Dark Fate“, но ни тоа, ни обидот да се направи феминистичка верзија на филмот не помогнаа за лошиот прием кај публиката.

Филмот заработи само 261 милион долари, а се проценува дека снимањето чинело меѓу 185 и 196 милиони долари.

Ова не е ништо во споредба со мааните што дечките од Screen Junkies ги најдоа и ги спакуваа во брутално искрениот трејлер за филмот.