Свет

Бразил: Кандидат за претседател избоден со нож

7. септември 2018 - 10:17 | М.Д.

Жаир Болсонаро, кандидат за претседател на крајната десница, заработи повреди откако е нападнат со нож.

Претседателскиот кандидат на изборите во Бразил, Жаир Болсонаро, избоден е со нож за време на предизборната кампања.

Политичарот на крајната десница е нападнат во средата, на собирот во југоисточната држава Мина Жераис.

Неговиот син на Twitter објави дека Болсонаро има внатрешни повреди на црниот дроб, белите дробови и цревата, но дека засега се наоѓа во стабилна состојба.

Тој е опериран поради повредите со кои се здоби во пределот на стомакот, но докторите очекуваат дека ќе оздрави.

На снимката, објавена на социјалните мрежи, може да се види како Болсонаро со болен израз на лицето е изнесен од толпата од страна на неговите поддржувачи.

Инаку, контроверзниот политичар, кој налути многу Бразилци со своите расистички и хомофобични коментари, добро котираше според последните анкети.

Тој моментално се наоѓа на интензивна нега после операцијата која траеше два часа, а се очекува во болницата да помине од 7 до 10 дена.