Божица во златно: Тејлор Свифт е музичарка на деценијата

Пејачката Тејлор Свифт ја освои наградата за музичарка на деценијата на доделувањето на наградите AMA (American Music Awards).

Тејлор настапи во златен корсет, носеше високи потпетици, а повремено газеше на грбот на танчерите кои ја придружуваа на сцената.

Наградата за Тејлор е убав крај на ужасниот викенд, по нејзиниот скандал со издавачите.

Имено, познато е дека нејзините доскорешни соработници Скутер Браун и Скот Борчета сè уште ги поседуваат правата за претходните песни на Свифт и судски не ѝ дозволија да ги пее, иако немаат удел во создавањето на композициите.