Bowlus ја претстави ултра луксузната камп-приколка

Bowlus Road Chief Endless Highways е најдобрата верзија на камп-приколка. Компанија Bowlus се занимава со производство на луксузни камп-приколки.

Камп-приколката е долга 7.925 мм, па нуди голем простор за одмор за патниците кои одат на подолги дестинации.

Направена е од алуминиум кој се користи во авиоиндустријата. Мебелот е направен од органски материјали. Делот за спиење е опремен со сиви и сини прекривки. Камп-приколката содржи специјални додатоци како што се метеоролошки инструменти за следење на времето.

Уживајте во прекрасниот луксузен ентериер на следните фотографии.