Ф1
ФОРМУЛА 1 2019

Ботас го промени моторот и ќе стартува последен во Абу Даби

28. ноември 2019 - 14:40 | Ф.З.

Валтери Ботас ќе мора да се нацрта на последната стартна позиција в недела, откако Мерцедес беше приморан да направи промени на неговиот мотор.

Со оглед на правилото кое вели дека моторите на болидите не смее да трпат промени во една сезона, а моторот на Ботас мораше да биде променет за да работи, Финецот доби казна да стартува од последното место.

За првпат по австриското ГП во 2018 Ботас се соочи со откажување на моторот. За време на бразилското ГП моторот на Мерцедес почна многу повеќе да консумира масло за потоа да мора да биде повлечен од трката.

За да може Ботас да се натпреварува на последното ГП од оваа сезона, кое в недела се вози во Абу Даби, во Мерцедес мораа да направат неколку промени на моторот. Мораше да биде заменет моторот на внатрешно согорување, турбополначот како и MGU-H единицата.

Промените, Мерцедес свесно ги направи, бидејќи алтернативата значеше повлекување на Ботас од трката. Со оглед на тоа што ќе стартува последен, тешко дека Ботас ќе го повтори успехот од 2017 кога победи во Абу Даби. Во ОАЕ никогаш не се случило да победи возач кој стартувал под четвртото место.