Борусија Дортмунд го продава најдобриот играч: Нема попуст поради коронавирусот

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави информација дека Борусија Дортмунд нема ништо против продажба на својот најдобар играч Џејдон Санчо, но дека ниту еден клуб нема да добие попуст поради состојбата со коронавирусот.

Вредноста на 20-годишниот крилен напаѓач се проценува на 130 милиони евра, а иако речиси сите економски експерти најавуваат пад на вредноста на светските фудбалери, Борусија нема намера да ја спушти цената на своите играчи.

Романо тврди дека германскиот клуб им испратил порака на сите заинтересирани клубови дека Санчо нема да го напушти тимот за помалку од 110 милиони евра, односно дека нема да добијат попуст поради пандемијата со COVID-19 која сигурно ќе ја смени ситуацијата на фудбалскиот пазар.

Талентираниот Англичанец одамна е на мета на Манчестер Јунајтед од каде веќе преговараат со неговиот агент, а „Црвените ѓаволи“ се „предупредени“ дека Борусија нема да го пушти својот најдобар играч за помалку од 110 милиони евра.

Санчо беше дел од У-17 репрезентацијата на Англија која во 2017 година го освои Светското првенство, а истата година направи трансфер од Манчестер Сити во Борусија Дортмунд за 8 милиони евра.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе