Производителите на авиони Boeing и Airbus вчера соопштија дека испорачале рекорден број патнички авиони во 2018 година, иако и двете компании имаа производни проблеми со добавувачите кои им ги пореметија роковите за испорака.
Двајцата производители кои водат беспоштедна борба за превласт на авиопазарот, ги објавија годишните извештаи речиси истовремено.
Во очекување на конечните податоци на Airbus што ќе бидат достапни по ревизијата, Boeing ја задржа титулата на прв производител на авиони во поглед на испораки.
Американскиот производител испорача 806 патнички авиони во 2018 година, во споредба со 800 колку што прелиминарно објави Airbus претходно.
Иако забележа нов рекорд, Boeing сепак не ги освари зацртаните цели, испорака на 810 до 815 авиони во 2018 година, наспроти 736 во 2017 година.
Airbus соопшти дека го исполнил планот од 800 испорачани комерцијални авиони во 2018 година – што беше рекорд и за европскиот производител -но не даде точна бројка.