Музика

Боно со песна за поддршка на Италијанците во карантин: Пејте и никогаш нема да бидете сами

19. март 2020 - 13:34 | А.С.

Фронтменот на „Ју-Ту“ Боно е познат хуманитарец кој често со песна ги одбележува големите и тешки настани низ кои поминало човештвото.

Преку социјалните мрежи ја претстави неговата прва песна по 2017 година и им ја посвети на Италијанците кои се во карантин како заштитна мерка од ширење на коронавирусот, но се со нескршлив дух и секој ден пеат на балкони и покриви за да си дадат поддршка во овие тешки времиња.

Песната „Let Your Love Be Known“ ја објави на неговиот профил на Instagram, со порака: „За Италијанците кои ја инспирираа... за Ирците... за сите кои на овој Свети Патрик се во тесно, а сепак пеат. За докторите, за медицинските сестри, за болничарите на првата борбена линија, вам ви пееме.“

Боно вели дека песната ја напишал неколку часа пред да ја објави и во видеото ја изведува свирејќи на пијано. Песната алудира на изолацијата, пустите улици и стравот што се појави од пандемијата со новиот коронавирус, но е инспирирана од Италијанците кои пеат на балкони и покриви за да се охрабрат едни со други: „Не можете да се допрете, но можете да пеете на покриви, пејте ми по телефон, пејте и ветете ми дека нема да престанете, пејте и никогаш нема да бидете сами.“

Последниот албум на „Ју-Ту“, насловен „Songs of Experience“ беше објавен во декември, 2017 година.

Текстот на песната „Let Your Love Be Known“

Yes there was silence

yes there was no people here

yes I walked through the streets of Dublin and no-one was near

Yes I don’t know you

No I didn’t think I didn’t care

You live so very far away from just across the square

 

And I can’t reach but I can rain

You can’t touch but you can sing

Across rooftops

Sing down the phone

Sing and promise me you won’t stop

Sing your love, be known, let your love be known.

 

Yes there is isolation

You and me we’re still here

Yes when we open our eyes we will stare down the fear

And maybe I’ve said the wrong thing

Yes I made you smile

I guess the longest distance is always the last mile.

 

And I can’t reach but I can rain

You can’t touch but you can sing

Across rooftops

Sing to me down the phone

Sing and promise me you won’t stop

Sing and you’re never alone.

 

Sing as an act of resistance

Sing though your heart is overthrown

When you sing there is no distance

So let your love be known, oh let your love be known

Though your heart is overthrown.

Let your love be known.